Петар Печков
Објавено: петок, 26 март 2010
Во работна посета на Велес престојуваше новиот српски амбасадор во Македонија, Томислав Ѓурин. Тој при посетата изрази надеж дека ќе се најде начин српските туристи, кои годинава по визната либерализација ќе летуваат во Грција и Турција, дека ќе застанат на час одмор во Велес и ќе ги посетат неговите бројни културни споменици и објекти.
Според пресметките на српската амбасада, тие очекуваат годинава два милиони нивни граѓани годинава како туристи да минат низ Македонија, лани ги имало еден милион.
Во посета на Велес престојуваше и францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже, кој пак се погрижи за францускиот јазик и негова поголема локална афирмација, преку пеење пригодни француски шансони.
Tweet |